Една од најголемите бугарски фолк ѕвезди, пејачката Глорија отсекогаш ревносно го крие својот приватен живот. Но вој пат таа објави слика на социјалната мрежа Инстаграм на која позира со својот сакан во Австрија.
Коментарите под фотографијата буквално растурија, од кои мнозина се интересираа кој е таинствениот мачо мен, кој го освоил нејзиното срце, а и колку време се заедно. Пејачката сепак остана без зборови кои би ги објасниле деталите, па дури не го ни тагна човекот кој е до неа на фотографијата.
Најверните фанови на Глорија истакнаа дека штом пејачката објавила фотографија со партнерот, значи работата меѓу нив е сериозна.
Ќерката на Глорија – Симона Загорова, ја коментираше фотографијата ставајќи и три срца, на која нејзината мајка позира со својот сакан во Австрија.