Веројатно повеќето од корисниците на социјалните мрежи вчера, 13 март 2019, во попладневните часови забележаа дека апликациите Инстаграм и Фејсбук имаат проблем.
Фејсбук и Инстаграм прв пат во својата историја имаа прекин во функционирањето во рок од рекордни 14 часа, по што претставниците на најголемата социјална мрежа во светот Фејсбук мораше да ги објаснат причините за својот застој преку својот лут ривал, Твитер.
Станува збор за технички проблем, а од компанијата на Твитер објавија дека проблемот ќе биде решен во најбрз можен рок.
Инаку многу често во последно време се случува корисниците да се пожалат дека имаат проблеми со Фејсбук и Инстаграм, но никој не знае која е главната причина за тоа… Знае ли некој да одговори, што ли тоа се случува кај нив?