Кога станува збпр за нејзиниот музички пат, кариера и се’ што е поврзано со нејзината професија, Каролина Гочева секогаш е подготвена отворено да зборува и да им открие на љубителите на нејзината музика што ново подготвува.
Но, кога станува збор за приватниот живот, пејачката е резервирана и ретко открива детали кои се случуваат зад камерите.
Таа не е од оние јавни личности кои „висат“ на социјалните мрежи, па често објавуваат каде, со кого и што прават, освен ако тоа не е поврзано со нејзината работа.
Меѓутоа, некогаш знае да изненади и да направи исклучок.
Благодарение на социјалните мрежи, може да архивираме некои наши моменти кои сме ги објави, а потоа на истите да се потсетиме во опцијата „сеќавања“.
Така, многумина на денешен ден може да видат каде биле и што правеле претходните години.
Каролина не е од оние кога ќе замине на одмор постојано да објавува како си поминува.
Меѓутоа, деновиве во кусите на приказни на „Инстаграм“, сподели фотографија од 2014 година на која во бикини седи на плажа и е свртена со грб, а друштво и прави нејзината внука.
Ова лето поради пандемијата со коронавирусот, одморите ќе се одредени со препораки, а познатите на социјалните мрежи порачаа дека им недостига плажа, море, сонце…