Гледач на бугарската ТВ водителка Гала, и ја понуди својата заштеда од 50.000 лева ( околу 25,000 евра) за да стане негова жена.
Русокосата домаќинка на емисијата „На кафе“ не пропушти да ја прокоментира понудата со фактот дека инфлацијата и возраста очигледно и ја намалиле цената и за 50 илјадарки, не се дава!
Емитувањето во живо на емисијата „На кафе“со вклучување на гледачите ги провоцираше тие да излезат со свои брачни предлози: што, колку и кому?
Кулминација беа предложените 100 литри ракија, 1 свиња и автомобил „Москвич“ за раката на ТВ новинарката и репортерка, Ева Веселинова.
Приказната за понудениот чеиз беше префрлена и на мажите во студиото, а врвот го достигна кога анонимен гледач понуди 300.000 лева и куќа во Дубаи за готвачот шеф Дани Спартак од кулинарското ТВ шоу „Пеколна кујна“! Очигледно некој баеги го бендисал… неговото мени!