Радио Милева
Дури малку и беше

„Ѓубре едно…“: Игор Џамбазов ја испрати 2020 година баш онака како што заслужува (видео)

„Ѓубре едно…“: Игор Џамбазов ја испрати 2020 година баш онака како што заслужува (видео)
фото:игор џамбазов/инсатграм принтскрин

Игор Џамбазов не чекаше да дојде време за одбројување и поклопување на стрелките на часовникот за да ја испрати 2020 година.

Оправдано нели? Зарем да и го дадеме вниманието до последна секунда?

Затоа Игор ја испрати порано и тоа на начин како што заслужува – во тоалетна школка!

-И да не си помислила да се вратиш, ѓубре едно… и  кажа Игор пуштајќи вода од казанчето.

Оригинален како и секогаш Игор им го направи денот на многумина и слатко ги изнесмеа.

Но, повеќето преку коментари се согласија дека требаше да пушти вода двапати, за сигурно, како и дека зборот ѓубре и е малку!

Останати вести од Радио Милева