Ѓорѓе Давид во емисијата „Ѕвездите на Гранд“ го прозва својот колега Звонимир Ѓукиќ Ѓуле, фронтменот на групата „Ван гог“.
Рокерот среде емисија упати навреди до својот колега и го нарече „будала која не знае да се однесува на сцена“.
„Не знам што се случува вечерва со кандидатите, важно им е да ја следат камерата. Срамота. Следен пат нема да давам гласови ако има флертување со камера и ако ја следат камерата која ги снима. На крајот ќе станат како Ѓуле Ван Гог кој како будала ги лиже камерите на сцена“, изјави рекерот по настапот на Марио Арангеловски од Куманово.
На овој коментар реагираше и Ѓуле кој истакна дека не сака да навлегува во конфликт.
„Изненаден сум од коментарите бидејќи никогаш не сум имал конфликти со Ѓорѓе Давид, ниту пак му имам упатено прозивка во текот на нашите повеќедецински кариери. Секако, нема да дадам на значење“, изјави Ѓуле за „Ало“.