Српскиот музичар и актер Ѓорѓе Николиќ или попознат како Ѓорѓе Давид, беше гостин во емисијата „Живот со стил“ кај водителката Елена Стефановска.
Емисијата ќе се емитува вечерва (четврток 04.04), а во најавата за истата, која е парче од разговорот, тој без влакна на јазикот „распали“ по српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ.
„Спонзорушите“ се производ на Цеца Ражнатовиќ и издигнувањето на нејзината личност како големата српска мајка, вели Ѓорѓе.
Остро, искрено и без никаква задршка во коментарите за турбо фолкот, деншните млади, својата приватност… зборува актуелниот член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“ во интервјуто кое ќе се емитува вечерва, а Елена го најави на својот Инстаграм профил.