Рок пејачот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид беше позитивен на коронавирус поради што беше на двенеделно лекување во болница.
Откако оздраве и се излечи од Ковид 19, тој беше пуштен на домашно лекување односно две недели мораше да биде во самоизолација.
Меѓутоа, кога почна повторно да се враќа во нормален живот, рокерот повторно доживеа незгода.
Имено, тој на својот „Инстаграм“ се огласи и истакна дека повторно е болница бидејќи ја скршил ногата.
„Ете. Ја скршив ногата. Сега за мене нема дефинитивно никаков малер за следните неколку години“ напиша тој во описот на видето од болница и откри дека ногата му е во гипс.
Пријателите и неговите следбеници му посакаа да оздрави што побрзо.
View this post on Instagram