Преработка на ултимативната химна на групата ЕКВ ,,Пар година за нас” направи Ѓорѓе Давид со неговиот бенд, а за песната снимија и спот. Овие денови актуелното видео е поставено е на Јутјуб каде има многу прегледи, а тв станиците во Србија постојано го канат за гостин во своите емисии. Зошто токму оваа обработка, Ѓорѓе Давид самиот објаснува:
„Оваа приказна започнува во 1994г. На 5ти ноември баш на мојот роденден , групите Електричен оргазам, Партибрејкерси и мојата тогашна група имавме голем концерт во спортската сала во Младеновац, Србија. Се радувавме затоа што тоа беше собир на одлични бендови, преполна сала и знаевме дека ќе има одлична журка. За жал после вториот концерт на еден од бендовите се појави сега покојниот Душан Дуле Ерцеговац кој беше менаџер на бендот Екатерина Велика, а и главен организатор на тој настан соопшти дека Милан Младеновиќ само што починал. Организаторите и шефовите на бендовите решија да не го прекинат концертот туку тој да продолжи во негова чест и тоа да го кажеме.
Дваесет и осум години подоцна кога го славам својот 58ми роденден се склопија коцките така да од албумот кој го правиме со обработки на екс ју песни да биде обработена и ултимативната химна на ЕКВ ,,Пар година за нас”. Од мај месец баравме режисер, сценарио, тон, слика, но сите предлози кој ни ги даваа некако не ни се допаѓаа, се’ до моментот кога се појави Вук Протиќ Халуџа, кој излезе со своја идеја која се покажа одлична.
Има некоја тајна врска дефинитивно кога се прават нештата со многу достоинство, почитување,внимание кон великаните кои воспитувале многу генерации, а еден од нив е бездруго и Милан Младеновиќ како автор. Реакциите за обработката,за спотот се многу позитивни иако е многу тешко за ваква химна кога се обработува да се долови позитивна рокенрол емоција, но на моја голема радост успеавме“ – вели Ѓорѓе Давид канејќи ве премиерно да го погледнете видеото на оваа негова кавер верзија на песната на ЕКВ (КЛИКНИ ТУКА):