Дисквалификуваната кандидатка од „Ѕвездите на Гранд“, Вања Кнежевиќ ја подготвува својата прва песна и тоа благодарение на Цеца Ражнатовиќ.
Имено, долгогодишниот пријател и соработник на Цеца, Дамир Хадановиќ потврди дека подготвува нова песна за Вања.
По тој повод, сега се огласи и Ѓорѓе Давид и ја прокоментира целата ситуација.
„Секој си има свои афинитети, секој ги гледа работите онака како што сака да ги види. Јас не сакам да го коментирам за тоа, посебно не Вања како бивши учесник“, вели Ѓорѓе Давид.
Инаку, вчера започна снимањето на петиот круг на музичкото шоу, а како што пишуваат медимите Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша се поздравиле и разговарале.