Рок пејачот и членот на жирито во„Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид на својот „Инстаграм“ соопшти дека е заразен од коронавирус.
Прво, тој објави дека чувствувал симптоми на вирусот и се наоѓа во болница каде му биле направени неопоходните прегледи и тест за корона кој бил позитивен, а пејачот е заразен од „Ковид 19“.
„За жал, потврдено ми е дека има Ковид 19. Не разбирам. Очаен сум. Вирусот ќе помине. Но…болница. Пекол. Како да си во затвор. Во војска. Луѓе, чувајте се…ве молам“ напиша тој на Инстаграм и од неговите колеги веднаш доби коментари со поддршка и желба за брзо закрепнување.
Веднаш поддршка стигна и од македонските пејачи: Огнен Здравкоски, Дарко Даринос, Гоце Бошковски кои на пејачот му порачаа да издржи.
Огнен на својот „Инстаграм“ објави заедничка фотографија со рекерот, а во описот напиша:
„Пред 3 дена се слушнавме и ми кажа дека кашлал, ама не било ништо страшно, ќе се среди… После разговорот правел тестирање и денес е готов резултатот, кој покажал дека е позитивен на “Covid19”. Издржи брате. Господ Бог и ние сме со тебе, ти си ЛАВ ќе го победиш ова многу брзо!!! Брзо закрепнување!!!
Даринос исто така упати поддршка до Давид.
„Брате мој, држи се. Господ е со тебе, сите се молиме. Ќе победиш знам, ти си борец“ напиша Дарко.
Гоце Бошковски кој претходната година беше под менторство на Ѓорѓе на својот „Фејсбук“ напиша:
„Брате мој. Издржи, ти си силен. Ќе го пребродиш ова лудило, знам“.
За потсетување, Ѓорѓе Давид не е единствена јавна личност која има корона, и многу други познати се заразени од Ковид 19, меѓу нив Том Хенкс, принцот Чарлс, актер Кристофер Хивју, Пласидо Доминго…