Пејачот Ѓорѓе Давид на својот приватен профил на Инстаграм објави фотографија на која лицето му е унакажано, модро и крваво, а главата е завиткана во завои, со што многу ги загрижи своите колеги, пријатели и обожаватели.
При самата помисла дека нешто му се случило и при самата претпоставка дека пејачот доживеал некаква несреќа или инцидент во кој бил претепан, многумина веднаш го контактирале рокерот од “Гранд“, за да ја дознаат вистината за наводниот инцидент.
Она што е вистина е дека рокерот не доживеал никаква несреќе ниту имал инцидент, туку дека неговото лице е само професионално и приолично уверливо нашминкано за потребите на снимањето на забавното шоу наречено „Луда ноќ“, во кое тој учествувал заедно со уште неколку колеги и колешки од естрадата.
Ѓорѓе Давид веднаш им се заблагодари на сите загрижени за пораките и повиците, за понудената помош и поддршка и им порача на сите дека само сакал да провери „кои му се вистински пријатели“!