Ѓорѓе Балашевиќ беше погребан денес, недела, на гробиштата во Нови Сад.
Семејството организираше сè без масовно собирање, а познатиот кантавтор беше испратен со тамбураши.
Тамбурашите на гробиштата ги свиреа неговите популарни песни, вклучувајќи ја и „Оливера“, која тој ја посвети на сопругата.
Патем, жителите на Нови Сад сè уште се собраат пред куќата на панонскиот морнар, оставаат свеќи и цвеќиња, како и пораки.
Инаку, денес во Нови Сад беше прогласен ден на жалост за смртта на Балашевиќ.
Сакајќи да се простат сами од ненадејно починатиот најстар член, семејството ангажирало приватно обезбедување, кое ги затворило сите влезови на гробиштата. Утрово, градоначалникот на Нови Сад објави дека е донесена одлука овој ден да се прогласи за Ден на жалост во Нови Сад по повод смртта на големиот Ѓорѓе Балашевиќ.
– Ги исклучивме светлата во Градското собрание за да ја искажеме својата болка и тага за семејството. Ова е тежок момент за семејството Балашевиќ, но и за целиот град, држава и регион. Нови Сад веќе нема да биде ист по неговата смрт – изјави Вучевиќ на својот Инстаграм профил.