Радио Милева

Ѓоле Ѓогани го поткачи членот на жири во „Ѕвездите на Гранд“: „После Цеца, направи само еден хит“

Ѓоле Ѓогани го поткачи членот на жири во „Ѕвездите на Гранд“: „После Цеца, направи само еден хит“

Откако добар дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ е во конфликт со Александар Милиќ Мили, на нивните критики им се придружи и Ѓоле Ѓогани.

Имено, тој се согласи со изјавата на Драган Стојковиќ Босанац дека „На Цеца и мојата баба може да и направи хит“ и дека вистинскиот успех е „да се направи име од анонимна пејачка“.

„Босанац е во право. Се што пееше Цеца во тоа време беше хит. Секоја чест за Мили, тој имаше 40 пејачи кои пееја негови песни, но само една од нив беше хит – „Крушка“. Ја направи и групата „Милиграм“ која не успеа како проект. Тоа е мое мислење“, изјави Ѓогани.

фото: Весна Лалиќ/рас србија

Тој исто така додаде дека новото време донесе и нови работи.

„Се промени и времето. Многу е тешко старата генерација да направи нешто бидејќи оваа новата поразлично размислува“, вели Ѓоле.

To top