Радио Милева мојот свет

Ѓоле би се гордеел: Синот на Балашевиќ ја покажа ќеркичката (ФОТО)

Ѓоле би се гордеел: Синот на Балашевиќ ја покажа ќеркичката (ФОТО)

Синот на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса, деновиве доби ќеркичка на која сопругата и тој и го дадоа името Вера.

Гордиот татко сега објави фотографија на која неговата ќерка безгрижно спие покрај нејзината мајка.

Сопругата на Алекс, Николина се породи на 22 август, а младите родители веќе уживаат со неа во својот дом. Колку е возбуден синот на Ѓоле Балашевиќ најдобро покажува описот на фотографијата на која ја спореди својата ќерка со целиот свет:

„Многу луѓе кога сакаат да прикажат и да објаснат некому како изгледа светот, ја покажуваат земјината топка, па објаснуваат што е север, југ, континенти и океани… Јас сум поедноставен тип од последните клупи и екскурзиските скалила… Ја покажувам оваа фотографија и ништо не објаснувам“ – напиша Алекса, која е бескрајно среќна за приновата.

За потсетување, Алекса и Николина се венчаа на 17 јуни во црквата Свети Сава во Белград, а свадбената церемонија ја изврши српскиот патријарх Порфирије. Ден по венчавката Алекса објави:

„Бракот денес за многу луѓе претставува обврска, нешто наметнато од „мнозинството“, наметнато од возраста, некаков доказ дека сте возрасен, независен, зрел. Тој не е свесен дека тоа е всушност тест контролиран од него, директен контакт со Бога. Ви благодариме на сите за најубавите пораки, Господ да ја чува Србија, овој дел од светот и целиот овој свет. Фала му на Бога за патријархот Порфириј, нашиот најсигурен пастир и чувар“ – заклучи младиот Балашевиќ.

Фото: Инстаграм принтскрин/balasevicaleksa

To top