Радио Милева семејна бајка и естрадна слава

Ѓоко Јовиќ е пример за естрадна ѕвезда и среќен семеен човек: Четири дечиња, семејна хармонија и нов хит! (ФОТО+ВИДЕО)

Ѓоко Јовиќ е пример за естрадна ѕвезда и среќен семеен човек: Четири дечиња, семејна хармонија и нов хит!  (ФОТО+ВИДЕО)

Пред нешто повеќе од три месеци познатиот македонски пејач Ѓоко Јовиќ и неговата сопруга Ивана по четврти пат се остварија во улога на родители.

Тие  го добија синот Дарин, кој сега е најмладиот член во нивното многудетно семејство.

Ѓоко кога се роди малиот Дарин напиша дека неговата сопруга е вистински херој, а времето што помина од тогаш е најсреќниот период во нивното семејство.

Една насмевка неодамна на тогаш двомесечниот Дарин, на среќниот татко му ја наполни душата, па пејачот моментот го овековечи со фотографија покрај која напиша: „Цели два месеци ја чекав оваа насмевка“!

Тие покрај најмалото синче, уште ги имаат и ќерката Теодора и синовите Михаил и Јован, кои се радуваат и помагаат околу нивното братче.

Тие живеат вистинска семејна бајка, а колку пејачот ужива во татковството можеме да видиме и од неговиот Инстаграм.

Овој пат, откако објави фотографија на која се гушка со еден од своите синови, Јовиќ им ги растопи срцата на своите бројни обожаватели од Македонија и дијаспората,  посебно со емотивната порака што пејачот ја напиша.

На фотографијата малиот Јован го бакнува својот татко, а врз фотографијата тој напишал:

„Не сум знаел дека човек со бакнеж може да се стопи“, стојат како коментар зборовите на Јовиќ.

Најстариот син Михаил пак, очигледно тргнал по стапките на татко му, па музиката уште отсега му голема љубов, хоби, а утре можеби и професија со која ќе го наследи  татка си и ќе го продолжи неговиот пат на успехот.

А, има ли поголем идол, поголема инспирација и подобар учител, ако учителот ти е дома. Како функционираат таткото Ѓоко и синот Михаил заедно на музички план, покажаа во кусото музичко  видео клипче, каде синот свири, а таткото пее:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gjoko Jovik (@gjokojovik)

Но, кога е песната во прашање, Ѓоко Јовиќ има со што деновиве повторно да се пофали. Неговата нова балада насловена „Пустина“ е веќе излезена, а на неа рабортела веројатно најдобрата авторска двојка во Македонија.

Братско – сестринското авторско дуо, композитрот Лазар Цветковски, кој ги направил и аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот и неговат сестра, текстописецот Магдалена Ена Цветковска чии се стиховите на песната.

Ѓоко Јовиќ истата ја визуелизирал и со одличен видеоспот кој го потпишуваат австралијанците „M16“ од Сиднеј, односно  Беби и Омер.

To top