Анабела, Гаги, Луна и Марко Миљковиќ покажаа дека сè може да се уновчи, и тоа за дебела цена.
Семејството Ѓогани во последниве месеци го привлече сето внимание на јавноста, но во негативен контекст. Поранешната брачна двојка Анабела Атиас и Гаги Ѓогани, како и нивната ќерка Луна, заедно со нејзиното, сега веќе поранешно момче Марко Миљковиќ, покажаа дека за нив сè има цена, па затоа решија во „Задруга 3“ да ги продадат сите свои валканици и најдлабоки семејни тајни.
Жолчни кавги, бурни расправии, жестоко изнесување на најдлабоките тајни, но и срамни физички пресметки. Тие го прават сето тоа за високи хонорари, па многумина коментираат дека Ѓогани се продале за големи пари.
Во сето ова, најдобар профит остварува Анабела, која последна влезе во „Задруга 3“ и зеде 70.000 евра. Како еден од фаворитите, можно е пејачката да го освои првото место и да заработи дополнителни 50.000 евра. Ова значи дека, доколку таа победи во финалето на 6-ти јули, ќе заработи вкупно 120.000 евра. Тоа ќе биде голема финансиска инјекција за неа, со оглед дека таа се задолжила 40. 000 евра, што и самата го призна.
Трета последователна сезона, Луна е учесник во „Задруга“, а во текот на секоја од нив играше впечатлива улога. Оваа сезона, доминантни се кавгите со нејзината мајка и нервните сломови што ги доживеа по секоја расправија со Марко.
Нејзиното ментално здравје чини околу 3.000 евра неделно, а до 6 јули ќе заработи околу 50 000 евра. Неодамна откри дека и таа е финансиски заглавена. Луна рече дека се што заработила инвестирала во недвижнини и пејачката кариера и дека дури и влегла во долг од 25.000 евра.
Поранешното момче на Луна, Марко Миљковиќ е одличен учесник, па од својата поранешна девојка и нејзината мајка научи како подобро да се продаде. Ова е причината зошто, покрај Анабела, тој е еден од фаворитите за победа.
Марко е еден од најплатените учесници во еланото шоу и заработува 3000 евра неделно, што значи декаќе заработи околу 63 000 евра до јули. Доколку победи, неговата сметка ќе биде зголемена за 113.000 евра.
Таткото на Луна, Гаги исто така нема финансиски да помине лошо до јули. Танчарот е во ова ријалити уште од почетокот, точно од 6 септември, а неговиот хонорар е околу 2.500 евра неделно. Ова значи дека тој заработува околу 10 000 евра на месечна основа, а кога тоа ќе се помножи со десет месеци, тој излегува од „Задруга 3“ со 100.000 евра. Со оглед на тоа што Гаги е исто така еден од фаворитите за победа, веднаш по Анабела и Марко, можно е тој да замине дома со дополнителни 50.000 евра. Дали е малку?