Радио Милева

Ѓерданот на Лејди Гага од 5 милиони во фокусот на „Златен глобус“, но и модната катастрофа на Ен Хатвеј (фото)

Ѓерданот на Лејди Гага од 5 милиони во фокусот на „Златен глобус“, но и модната катастрофа на Ен Хатвеј (фото)

Во Лос Анџелес по 76 пат се одржа доделувањето на наградите „Златен глобус“.

Ѕвездите од филмската индустрија чекореа по црвениот килим, што секако предизвика најголемо внимание.

Кога станува збор за наградите, победата од категоријата комедија и мјузикл ја однесе “Green Book” додека  “Златниот глобус” за најдобра актерка го доби Глен Клоус за филмот “The Wife”.

За најдобра драма е прогласен “Bohemian Rhapsody” филм за животот на прочуениот Фреди Меркури чиј лик го игра Рами Малек. Тој воедно доби и “Златен глобус” за најдобар актер благодарение на улогата во овој филм.

Кристијан Бејл  за најдобар актер во комедијата е за филмот “Vice”, а во истата категорија за женска улога го освои Оливија Колман, за улогата во филмот “The Favourite.” Актерите во споредните улоги кои освоија награди се Махерсал Али и Реџина Кинг.

“The Kominsky Method”, е најдобра серија,а пак за најдобар филм на странски јазик е прогласен “Roma” и режисерот Алфонсо Куарон.

Лејди Гага беше во фокусот на вниманието уште на црвениот килом со впечатливната тоалета на Влентно и скапоцениот ѓердан од 5 милиони долари на „Тифани“. Таа ја освои наградата за најдобра песна за филмот “A Star is born” кој го игра главна улога. со Бредли Купер.

Кога пак се модните катастрофи во прашање, Ен Хатвеј според критичарите стои на врвот за најлош избор на манифестацијата.

 

To top