Пејачот Драган Николиќ или познат како Ѓорѓе Давид е заразен од корона и моментално се наоѓа во болница.
Како што вели за курир.рс, веќе четврти ден нема температура, а помалку чувствува болка во грлото и белите дробови.
Тој откри како изгледа еден негов ден во болница.
„Појадок, па лекови, па мерење темепература, па визита, па разговор со пациентите кои се со мене во соба. Потоа ги отворам прозорците бидејќи редијаторите многу топлат. Потоа следува ручек, па разговарам со своите најблиски. Се тоа трае многу подолго од оние 24 часа на кои сме навиканти“ вели пејачот.
На прашањето дали знае каде се заразил, тој вели:
„Навистина не знам…Во тој период бев во контакт со голем број на луѓе. Со тие што бев во контакт никој нема симптоми и ги почитуваат мерките за да останат во самоизоалција и да видат дали ќе им се појави Ковид 19“ вели Ѓорѓе Давид за курир.рс
Тој имаше и порака за оние кои се уште не ги почитуваат мерките за заштита и се шетаат по улица.
„Ѓаволот секогаш доаѓа по своето. Немој да се занимавате со теории на заговор, туку мислите, ако не на својот живот туку на животот на луѓето кои ве опркужуваат. Останете дома и немој да бидете примитивни и смешни“ вели Давид.