Радио Милева
фатен на дело

Ѓани уловен како се бакнува со љубовницата, па се огласи и неговата сопруга: „Ако нешто се случува ќе направам хаос“

Ѓани уловен како се бакнува со љубовницата, па се огласи и неговата сопруга: „Ако нешто се случува ќе направам хаос“

Пејачот Драгиша Трајковиќ Ѓани наводно е фатен со ново – старата љубовница.

Долго време се шпекулираше дека пејачот е виден во авион со неговата љубовница, а наводно со неа го прославил својот роденден, пишуваат домашните медиуми.

Претходната недела во медиумите како бомба одекна вест дека се разведуваат Слаѓа и Ѓани, а изгледа дека причина за тоа е згодната бринета со која пејачот беше уловен на дело.

Наводно, тој во една викендичка организирал интимна прослава за нив двајца, а сега испливаа фотографии од ново печениот љубовен пар.

Љубовницата на Ѓани, Сања важи за една од најатрактивните девојки, за која многумина воздивнуваат. И порано се пишуваше за нивната љубовна афера, па имаат и заеднички фотографии од 2016 година.

По овој повод се огласи и сопругата на Трајковиќ, Слаѓа.

„Не ги видов новите фотографии, ги знам оние од 2016 година, стари се.Не знам од каде тие приказни. Ќе ги споредам новите фотографии и ако нешто се случува ќе направам хаос. Ќе барам подоцна, сега не можам да зборувам“, изјави Слаѓа.

Инаку, по повод шпекулациите за разводот, Ѓани изјави дека нема никакви проблеми со сопругата и дека ги живеат најубавите денови.

Останати вести од Радио Милева