Домашните медиуми неодамна пишуваа дека пејачот Драгиша Трајковиќ Ѓани се разведува по 25 години брак од сопруга Слаѓа.
Шпекулациите за нивниот развод започнаа откако двојката замина на одмор на различни дестинации.
Имено, Слаѓа се одмара во Турција, додека пак Ѓани е во Црна Гора каде што пред некој ден имаше настап.
„Каде се разведувам, јас никогаш не сум живеел поубав живот со жена ми. Тоа е лудост, добив внуче и јас сега треба да уживам со семејството, каков развод. Сега ми е најубаво“, вели пејачот.
Потсетуваме, Слаѓа и Ѓани три месеци беа во домашен притвор бидејќи ненамерно ги прекршија мерките за заштита од коронавирусот.
фото: инстаграм/стефан стојадиновиќ/принтксрин/мондо