Кога Радиша Трајковиќ – Ѓани слави слава, тоа изгледа како да е свадба! Пејачи те и музичарите се китат со пари, изобилство на храна и пијалаци, а и познати пејачи не недостасуваат. Така беше и овој пат, кога во средата навечер во еден ресторан пејачот ја славеше својата слава, еден ден пред Аранѓеловдан (Св. Архангел и Михаил).
Пејачот беше домаќин на бројни пријатели, колеги, блиското и пошироко семејство. Дарко Лазиќ беше меѓу првите што запеја на славата, а потоа следуваа Слаѓа Алегро, Емир Хабибовиќ и многу други. Домаќинката Слаѓана беше во одлично расположение и ги пречекуваше на врата гостите. Меѓу нив беа и наследниците на Ѓани: ќерката Софија и синовите Марко и Милош со девојките.
По вечерата домаќинот и неговите музички пријатели се фатија за микрофонот. Прв Дарко Лазиќ го зеде микрофонот и му се заблагодари на Ѓани на поканата.
По краткиот говор, пејачот пушти и глас и веднаш заработи банкнота од 500 евра, на своето чело. Во еден момент, за микрофонот се фати и домаќинот кој пееше староградски песни.