Радио Милева

Ги занемаруваат критиките: Хајди Клум и нејзината ќерка повторно позираа во провокативна долна облека

Ги занемаруваат критиките: Хајди Клум и нејзината ќерка повторно позираа во провокативна долна облека

Неодамна, познатата манекенка за потребите на снимањето на кампања за познатиот бренд „Intimissimi“, позираше заедно со Лени, а иако фотографиите во провокативна долна облека предизвикаа реакции во јавноста, Хајди очигледно не се грижи за истите.

Таа и овојпат се одлучила да се фотографира со својата наследничка и тоа во црвена долна облека која е дел од божиќната колекција.

Меѓутоа, се чини дека сепак малку ги послушала критиките од јавноста бидејќи овојпат нејзината ќерка не изгледала премногу провокативно. Лени позирала во црвена ноќница, а Хајди носела чипкан црвен градник и гаќички.

„Искрено, не се грижам премногу за реакциите на другите, пресреќна сум што работев на оваа кампања и поминав прекрасен ден со мојата мајка“, изјавила Лени за странските медиуми, а потоа додала дека нејзината мајка ѝ е најголема мотивација и пример во животот.

Како што и самата Лени нагласила, никогаш нема да ја видите во тесна облека бидејќи претпочита да носи широки и удобни парчиња.

Еве како изгледаа славните мајка и ќерка на претходното снимање:

To top