Популарниот холивудски пар Анџелина Џоли и Бред Пит постојано се актуелни во медиумите поради нивниот развод и старателството на децата.
Како пишуваат медиумите, по шестмесечна расправија Џоли и Бред конечно се договориле околу старателстовото.
Иако со месеци Анџелина беше таа која го оспоруваше разводот, сега актерката наводно попуштила и прифатила децата да го поминат летото со нивниот татко.
Со оглед на тоа дека Џоли е зафатена околу снимањето на новата серија, децата за тоа време ќе бидат во луксузниот дом на Бред.
Извор близок на парот, за медиумите кажал дека Бред е пресреќен што ќе биде со децата затоа што и не ги гледал многу по разводот, а пресреќни биле и неговите родители.
Некогаш најпознатиот холивудски пар има шест деца кои се на возраст од 11 до 17 години.