За Тамара Тодевска и нејзиното семејство веќе неколку години сè е во знакот на љубовта, особено отакако таа се дуплираше со доаѓањето на синчето Дарен.
Таа среќа и љубов собрани во неколку уникатни фотографии, мама Тамара ја сподели за своите следбеници на профилот од социјалната мрежа Инстаграм.
Дарен ставен во стаклена топка со бонбони, а Хана стисната до своето малечко братче.
Фотографиите за само неколку часа добија неколку илјадници лајкови и коментари до недоглед.
„Се растопив“; „Преслатки“; „Ми ја стоплија душава и срцето“; „Браво мајка, што убави деца раѓаш“, се само мал дел од ласкавите коментари кои стојат за фотографиите.
Љубов во домот, љубов на сцената – што друго би можела да посака една мајка покрај вакво богатство до себе.
фото:инсатграм/тамаратодевска