Радио Милева немал избор

Ги продаде правата на својот двојник: Брус Вилис е првиот актер кој има дигитален близнак (фото)

Ги продаде правата на својот двојник: Брус Вилис е првиот актер кој има дигитален близнак (фото)

Актерот Брус Вилис се повлече од актерството оваа година, откако му беше дијагностицирана афазија, а сега ги продаде правата за неговиот „дигитален близнак“ да се користи во филмовите.

Вилис е првиот холивудски актер кој целосно ја искористил таканаречената „deepfake“ технологија на овој начин. Овој потег доаѓа откако актерот се појави во телефонска реклама преку синтетички медиуми и му беше дигитално пресадено лицето на друг актер. Актерот сега му дозволи на „Deepcakeu“ американска компанија која произведува  „дигитални близнаци“, да го користи неговото лице.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bruce Willis (@dobledebruce)

„Ми се допадна прецизноста со која беше направен мојот лик. Тоа е мини-филм во мојот вообичаен жанр на акциона комедија. За мене тоа е одлична можност да се вратам во времето. Со доаѓањето на модерната технологија, дури и кога бев на друг континент, можев да комуницирам, да работам и да учествувам во снимањето“, изјави Вилис.

Да потсетиме дека Брус Вилис страда од афазија, медицинска состојба која влијае на неговите когнитивни способности. Со болеста се бори веќе две години, а последните филмови ги сними со помош на двојникот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

„Сакавме да им дадеме до знаење на фановите на Брус како семејство дека нашиот сакан Брус има здравствени проблеми, и неодамна му беше дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивни способности. Како резултат на тоа, Брус си заминува од кариерата што му значеше многу, објави тогаш семејството Вилис.

„Ова е навистина предизвикувачки период за нашето семејство и ние сме многу благодарни за вашата континуирана љубов, сочувство и поддршка“, порачаа тие. Истата објава потоа се појави и на профилот на поранешната сопруга на Брус, Деми Мур.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/dobledebruce

To top