Радио Милева страв или вистински респект?

Ги прашаа неговите сограѓани во Краљево што мислат за него, па еве што велат соседите, неговиот фризер, келнерот, случајните минувачи… за Кристијан Голубовиќ (ФОТО)

Ги прашаа неговите сограѓани во Краљево што мислат за него, па еве што велат соседите, неговиот фризер, келнерот, случајните минувачи… за Кристијан Голубовиќ (ФОТО)

Кристијан Голубовиќ во јавноста има слика на опасно момче. Тој честопати се фали без пардон како не одговарал за повеќекратни убиства, па дури и се закануваше на старлетата Станија Добројевиќ дека ќе ја убие ако не му се извини за навредите што му ги нанесе на неговото семејство, за што сега е и на суд.

Во моментов тој е најактуелен учесник во реалното шоу „Задруга 4“ и главна тема и во домашните медиуми и кај публиката што го следи ова ријалити. Новинарите го посетија Краљево каде што живее  Кристијан Голубовиќ, па ги прашаа соседите, неговиот фризер, келнерот, случајните минувачи… каков човек е тој? Еве што мислат за него, неговите сограѓани:

 

Фризерот на Кристијан Голубовиќ Јован, вели дека не  знае од каде да започне:

– Кики е феноменално момче и како клиент е прекрасен. Лесно можеме да се согласиме за фризура.Не бара многу, а е галантен кога станува збор за бакшиш – рече Јован за „Ало!“ И откри дека Голубовиќ бил кај него на дотерување дента пред да влезе во „Задруга 4“.

– Немам ништо лошо да кажам за него. Кристијан е исто така почитуван и сакан како граѓанин на Краљево. Дарежлив е, добар е … Само заради него ја гледам „Задруга 4“ – вели фризерот на најактуелниот учесник на ова ријалити во моментот.

– Не верувам дека некој може да го испровоцира и да го исфрли од такт до таа мера. Приватно е многу поразличен отколку во реалното шоу. Тој не е конфликтна личност и разговара со сите, пријатен е – ќе рече Јован за „Ало!“ И додава дека сопругата на Кристијан, Ивана е исто така љубезна и културна жена, која сите во Краљево ја почитуваат.

Само пофални зборови за него имаа и во кафеаната и во кафулето, каде што Кристијан е редовен гостин.

– Кристијан е едноставен гостин. Претежно јаде пица капричиоза, обично со рукола и јајце одозгора. Кога не јаде пица, тогаш нарачува бифтек со сос од горгонзола или бибер – вели келнерот Стефан за „Ало!“.

Тој додава  дека Кристијан е слаб на слатките, па затоа често нарачува чоколадна торта или суфле со две топки сладолед.

– Тој е вистински господин, пријатен и интересен гостин. Возрасните и децата му приоѓаат. Тој секогаш е среќен кога се слика со сите и дели автограми. Обично доаѓа со сопругата Ивана и ќерката, која е вистинска мала дама – рече Стефан и додаде дека му посакува победа во реалното шоу.

– Тој е џек во друштво, редовно чести сè околу себе со пијалоци, а и остава богат бакшиш – вели тој.

Една дама -случаен минувач, на новинарите ќе им  рече дека Кристијан е многу подобра личност приватно,  од она што е прикажано во „Задруга“.

– Тој е таков каков што е, по природа е многу подобар човек од оние што го предизвикуваат. Јас го поддржувам и му посакувам да победи“ – рекла таа.

To top