Во 2019 година нашата најпозната ТВ водителка Лила Филиповска направи промена во својот живот и секојдневие со тоа што се одлучи во својот дом да има уште еден член.
Имено, добро познато е дека Лила е љубител на животните, а тогаш се одлиучи за еден хуман потег со кој ја докажа својата големина. Лила на својот профил откри дека на некоја од скопските улици видела повредено и беспомошно мече.
Го земала и однела на ветеринар каде му биле санирани повредите на нозете, а потоа слаткото црно-бело маче си доби дом и сопственичка. И тоа не било кој, туку Лила Филиповска!
Тогаш, Лила мислеше дека мачето е женско, па го крсти Калиси, за набрзо потоа да дознае дека погрешила и дека се работи за мачорче, па го прекрсти во Рагнар.
Мачето Рагнар веќе неколку години секојдневно ги ужива сите привилегии во домот, го добива најубавиот третман, храна, мазење, спиење во креветот со газдарицата, а понекогаш е и маче инфлуенсер, иако не баш сака да се слика.
Токму Рагнар е тоа крзнено суштество што за Лила значи многу, па на неговиот посбен ден, денот на домашните миленичиња, таа беше непресушна од емоции кон како што вели нејзиното љубовче.
-Денес е ден на домашните миленичиња…но ти не си ми само домашно милениче, ти си другар, сопатник и љубов. Ги чуваш сите мои тајни и ми даваш позитивна енергија за два живота…. Ти си моето љубовче најсакано на свет … Рагнар.
View this post on Instagram
Оние што чуваат домашни миленици сигурно добро ја разбраа Лила, дека за тие мали крзнени суштества емоциите не можат да се штедат.
фото:Инстаграм/Лила Филиповска