Драган Којиќ Кеба ја отпеа познатата „Тридесете“, а потоа и „Гас, гас“ од снаата Северина на самиот почеток на најновата сезона на шоуто „Твоето лице звучи познато“. За него, ова беше голем залак.
Покрај тоа што беше во улога на жена, таа жена не беше било која.

Пејачот, иако има повредена нога, одлично се снајде со предизвикот, а на жирито и бројните фанови им приреди шоу за паметење.
„Гас до даске, Кебице“, ги смени зборовите на песната, играјќи на сцената.

За оваа улога, патем, Кеба вели ги избричил мустаќите по втор пат во животот. Пејачот го потврди ова, а потоа истакна дека без мустаќи, изгледа како да има пневмонија.

Секако, тој самиот беше задоволен од својот настап, иако „знае дека не бил брилијантен“.

Инаку, првата епизода од новата сеозна на ТЛЗП ќе се емитува утре (недела) на телевизија Сител.