Ког амислиме на дом, мислиме на сигурност, безбедност, среќа. Оваа одлука е една од најтешките и најголемите за секое семејство, па затоа и не е сеедно од каде купувате.
Населбата Аеродром е една од најубавите населби во главниот град. Соодветно поврзана со центарот на градот, сите знаменитости, како и со околните населби, претставува место совршено за мирен, но урбан живот за целото семејство.
Оваа населба со причина е број 1 најбарана локација за купување нов дом. Лоциран на улицата „Пандил Шишков“ бр. 22 и 24, објектот GA07 се гради со полна пареа и исклучиво со првокласни материјали.
Компанијата Golden Art е препознатлива по уникатниот „Golden Art систем за градба”, со кој се обезбедува гаранција дека секој купувач добива дом во кој ќе уживаат и генерациите кои доаѓаат, благодарејќи на користењето исклучиво најквалитетни материјали од партнерските компании, меѓу кои Rehau, Knauf, Kema, Baumit,Tarkett и многу други.
Компанијата зад себе има богато портфолио на задоволни клиенти и успешни проекти, а искусниот тим ќе го претвори купувањето стан во лесен и пријатен процес, каков што секој би посакал.
За да не ве заболи глава од премногу избор, решивме да ви ја олесниме работата, па од нивната понуда го издвојуваме овој стан од 82.4 метри квадратни со доволно комфор и посебни простории за четиричлено семејство.
Просторот е ефикасно распореден и вклучува 3 спални соби, тоалет, бања, остава, отворена дневна соба со кујна и трпезарија, и тераса за заедничко уживање во текот на целата година. Енергетската ефикасност на објектот GA07 ќе ви ги намали трошоците за греење и ладење, а со првокласните материјали од темел до покрив ќе спиете мирно и без грижи.
Закажете состанок на телефонските броеви 071/225-888 и 075/225-888 и дознајте зошто по името Golden Art секогаш стои „Дом. Не само стан.“.