Не е ништо чудно ако ги видите Софија Маринова, Анелија, Преслава или кој било која друга од познатите бугарски пејачки како покрај микрофонот држат и неколку домашни или девизни банкноти во раката. Бакшишите варираат од 50-100 лева, а не се ретки случаите во кои достигнуваат илјада или две, во зависност од длабочината на џебот и расположението на гостите.
Вообичаена практика е бакшишот да е предмет на конкуренција меѓу познатите бизнисмени за да покажат величина и да ја импресионираат околината.
Галена е една од пејачките кои не можат да се пожалат на дарежливите бонуси. Но, однеодамна таа покажува гордост и ја одбива секоја банкнота што некој ќе реши да и ја тутне додека пее.
„Сега таа гради имиџ на број 1 во поп-фолкот и мора да го задржи своето досоинство. Затоа повеќе не прифаќа бакшиш, без разлика колкави суми и се даваат. Галена ги надмина периодите кога го собираше по биртиите и пабовите секој лев што ѝ беше врачен за поздрав или нарачана песна. Статусот на голема ѕвезда не ѝ дозволува да се понижува и да гази врз себе со собирање бакшиш како многу нејзини колешки“, велат упатените.
Неодамна Галена имала настап во еден елитен клуб во центарот на Софија, каде присутните забележале дека таа ги одбила неколкуте стотки што и биле подадени.
„Таа замавна со прстот како одбивање и продолжи да го изведува своето шоу. Оној кој сакаше да и даде бакшиш беше многу изненаден од нејзината реакција“, искоментирале за HotNews.bg дел од присутните на настапот.
Фото: Инстаграм принтскрин/galena1