Годинешната софиска „Парада на гордоста“ може слободно да се нарече “Гордост на Галена”. Фолк ѕвездата застана чело на поворката и остави трајна трага не само во геј заедницата која се беше собрала на парадата, туку и меѓу многубројната публика која дојде да ја поддржи еднаквоста на ЛГБТ заедницата. На глобално ниво има многу примери за геј икони: Барбара Стрејсенд, Мадона, Шер, Лејди Гага … Во Бугарија до одреден степен е таква Лили Иванова, но ако си го поставиме прашањето дали таа би ја поддржала геј парадата, тогаш одговорот веројатно не би бил позитивен или барем придружен со петцифрен износ. Со етикетата “бугарска геј икона” се здоби Галена – една од најомилените бугарски фолк пејачки.
„Ѕвездата на “Пајнер” успеа да допре присутните не само со ритмичните хитови, туку и со пораките кои за жал ретко слушаме и гледаме во лицето на популарните личности кај нас“ – пишува бугарскиот портал Хот њуз.бг.
„Љубовта нема пол, нема возраст, нема етнос, не постојат никакви граници за љубов. Сакајте се луѓе, со сето свое срце”, и се обрати на публиката шармантната пејачка. На сцената таа се појави со дизајнирана светкава диско јакна, кој истакнуваше нејзината фигура. Веејќи го знамето на виножитото, таа раскажа и како многу луѓе ја прашале дали нема да разочара дел од своите фанови, ако пее на „Софија прајд“, а нејзиниот одговор е дека ако има разочарани од тоа, таа исто така е разочарана од нив.
Во тон со мотото на настанот “Не давајте омразата да завладее!”, Галена се обрати: “Лесно е да мразиш, тешко е да мислиш. Внимавај кого мразиш, бидејќи може да се покаже како твој омилен човек. Затоа бидете шарени, љубете се и не давајте и моќ на омразата!”
За време на парадата, фолк ѕвездата се сретна и со победникот на Евровизија 2018 Нет Барсилај, која исто така беше меѓу специјалните гости на настанот. Во разговорот помеѓу двете, шарената љубовница не пропушти да и додели комплимент за облеката на бугарската пејачка. Како знак на благодарност, изведувачот на “Дај ми љубов” направи гест и на гостинката, ѝ ја подари светкавата јакна.
Подоцна, на Инстаграм таа се пофали со својата нова аквизиција: “Бугарската Бијонсе ја извади својата јакна по шоуто и ми ја даде”, напиша барсилаи споделувајќи фотографија со Галена.
“Во Израел ние сме и многу топли луѓе, многу отворени, ги гледаме другите во очи, нестрпливи сме, а Бугарија е една од најжешките земји” – порача Израелката.
Извор: HotNews.bg