Радио Милева ја наследила тета

Галена на тета: Лила Филиповска сподели фотографија од нејзината внука и покажа во каква убавица пораснала (фото)

Галена на тета: Лила Филиповска сподели фотографија од нејзината внука и покажа во каква убавица пораснала (фото)

Името Лила Филиповска добро познато ви звучи. Таа важи за една од најпознатите водителки кај нас.

Лила имате прилика секој ден да ја гледате на ТВ екраните на познатото телевизиско шоу кое трае со децении „Се или нешто“. Покрај тоа, Лила е активна на „Инстаграм“ каде што редовно објавува постови, ги информира своите следбеници за нејзините активности, знае да сподели некоја фотографија од патувања, да рекламира разни брендови, козметички производи, модни парчиња….

 

Водителката некогаш знае да извади фотографија од архива, да се потсети на некои други времиња, да покаже како изгледала некогаш.

Меѓутоа, Лила овој пат во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели фотографија од нејзината потпорасната внука Галена и покажа во каква убавица пораснала.

Тетката и внуката направија заедничко селфи, а водителката во кусите приказни на „Инстаграм“ кратко напиша „тетка“. Галена пораснала во преслатко и убаво девојче, а убавината ја наследила од тета Лила? Има „Се или нешто“ од познатата водителка односно нејзината тетка која кога и да застане пред објективот секогаш е прекрасна и фотогенична.

Нема сомнеж дека тие уживале друштво една на друга, а Галена е „галена“ од тета Лила.

Инаку, Лила е родена во Гетеборг – Шведска и таму живеела се’ до својата 12-та година, а и денес знае да отиде таму, односно кај сестра си.

To top