Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо пред себе си постави јасна цел-седум Златни топки и седум деца. Тој досега има освоено пет од најпрестижните награди и доби четири деца, но се чини дека и петтото е на пат.
Имено, за време на доделувањето на уште една награда од шпанската листа „MARCA“, на настанот му се приклучи и неговата партнерка Џорџина, која привлече големо внимание.
Таа се појави во тесен беж фустан, под кој и ѕиркаше стомакот, а многумина заклучија дека во домот на Роналдо доаѓа петтиот наследник.
Според други пак, изгледот на Џорџина се должи на кадарот на фотографијата или погрешниот избор на фустан. Дали е едното или другото, ако има вистина, самата за неколку месеци ќе излезе на виделина.