Радио Милева
„поглед од соништата“...

Фустанчето кусо, а бината висока: Кристина Димитри(евска) „ја сподели“ тангата со публиката (ФОТО+ВИДЕО)

Фустанчето кусо, а бината висока: Кристина Димитри(евска)  „ја сподели“ тангата со публиката (ФОТО+ВИДЕО)

Откако добро и тргна во естрадните води со нејзиниот компањон ДЈ Боно, со кого заедно настапува, Кристина Димитриевска, не престанува да ја шoкиpa публиката со своите провокативни изданија на нејзините настапи. Најновата тура „еротика на послужавник“ расната тетовчанка ја сервираше на еден од последните настапи во познат ноќен клуб на истокот од Македонија.

Имено, рускосата убавица на настапот во Виница покажа  дрес – код кој максимално и ги потенцираше убавината и стилот, а уште повеќе сексапилот, така што публиката одново ја остави подзината и со широко ококорени очи.

Впрочем, уште при самото доаѓање на влезот во клубот, Кристина го привлече вниманието на многумина, особено на машката популација која побрза да направи селфи со атрактивната гостинка. А Кристина доволно разголена за нивните влажни погледи наречени желба“ да бидат задоволени, неуморно им го правеше ќеифот , за подоцна да имаат на што да… се сеќаваат и гордо да се пофалат на социјалните мрежи!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

Но, она најавозбудливото допрва следуваше и тоа од моментот кога русокосата убавица се качи на сцената да запее и танцува. Како и секогаш, оскудно облечена во бело мини фустанче што едвај нешто покрива и бел градник или топ, што ли е веќе, од истиот материјал преку градите, мисицата на сцената тргна да ја заведува публиката.

Вокалните можности такви какви што и се, ама затоа сето останато на завидно ниво… Особено кога Кристина танцува, нејзините еротски движења ја маѓепсуваат публиката…

Најмногу онаа машката, која не ги двоеше погледите од нејзиното провокативно нишање со колковите и волшебното мешањето со извајаната овална задница на сексапилната убавица, која неуморно им ја нудеше „на увид“, неретко свртена со грбот кон нив.

Фустанчето кусо, а бината доволно висока за публиката одоздола да има „поглед од соништата“… Како и не би, кога  Кристина Димитри(евска) и во оваа прилика „ја сподели“ тангата со публиката!

Можеби најважниот момент за тајната на успехот, па, колку чини – нека чини, за задоволство, секогаш има некој, кој е спремен да го плати цехот!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry

Останати вести од Радио Милева