Кога имате добар проект поткрепен со добра музика од најпознатите македонски диџеи, во таков случај имате гаранција дека тој проект ќе трае.
Со огромно задоволство сакаме да Ве информираме дека точно после една година, стигнавме и до третото издание на Фјужн Фестивал (Fusion Festival part 3).
Во услови кога целиот свет е во „карантин” и љубителите на добрата музика се приморани да седат дома и да ги почитуваат препораките на стручните лица, Fusion Festival и Спектаклум ви носат уште една незаборавна вечер, која во конкретните услови е од голема важност за публиката, но и еден вид помош за македонските артисти.
На 9 мај, со почеток во 20 часот од СЦ „Борис Трајковски“ прозвучеа дел од најдобрите македонски диџеј имиња. Фестивалот е продуциран и организиран на истото ниво како во салата да има публика, за сите оние што ќе го проследат да имаат чувство дека се присутни на самото место.
На третото издание на Фјужн Фесивал ќе настапат Ампов, WISH.CO и Зоки Бејбе.
Фестивалот бешеподдржан од Град Скопје, а може да се проследи на Youtube и Twitch каналите на фестивалот, како и на официјална Facebook страница.