Радио Милева демантирана афера

Фудбалскиот дијамант и музичката ѕвезда сепак ништо емотивно не ги врзува: Зад наводните Инстаграм симпати на Елиф Елмас кон Мартија Станојковиќ и обратно, се крие лажен профил! (ФОТО)

Фудбалскиот дијамант и музичката ѕвезда сепак ништо емотивно не ги врзува: Зад наводните Инстаграм симпати на Елиф Елмас кон Мартија Станојковиќ и обратно, се крие лажен профил! (ФОТО)

Иницирани од објавените фотографии со лајкови, пораки и љубовни емотикони, откако објавивме напис, прашувајќи дали помеѓу Елиф Елмас и Мартија Станојковиќ има некоја „тајна врска“, или само можеби само еднострани симпатии, пристигна пристигна реакцијата од луѓето кои се грижат за кариерата на македонскиот фудбалски дијамант.

Имено, претставниците на таборот на Елмас реагираа демантирајќи во негово име било каква, наводна љубовна или емотивна врска на македонскиот фудбалски ас со македонската пејачка Мартија Станојковиќ, тврдејќи дека профилот на  Елиф Елмас – by.elmass  е лажен, на кој осамнаа фотографиите со емотивни пораки и љубовни емотикони, кои божем фудбалерот на некој начин и ги испраќал на пејачката, а таа дел од нив и објави.

Имено, тие велат дека на социјалните мрежи постојат креирани десетици лажни профили на Елмас, од кои понекогаш се злоупотребува името на ѕвездата на „Наполи“ и Македонската фудбалска репрезентација, при тоа потенцирајќи дека еден и единствен вистински профил на Елмас е оној официјалниот:   elifelmas24

При тоа истакнуваат дека постојат и многу негови фан страници.

По ова станува јасно дека фудбалскиот дијамнат и музичката ѕвезда од Македонија сепак ништо емотивно не ги спојува ниту врзува.

Зад наводните симпати на Елиф Елмас кон Мартија Станојковиќ и обратно, едноставно се крие лажен профил и ништо друго!

Останува секогаш отворена можноста на нашата редакција обајцата и лично да се изјаснат дали некогаш лично се запознале и што мислат еден за друг како познати и популарни спортско – естрадни ѕвезди, а и да дадат свој коментар за нивната „наводна афера“!

Друго прашање е кој тоа во име на фудбалската ѕвезда јавно и искажува отворени симпатии на пејачката преку социјалните мрежи и зошто го прави тоа? Заради немање храброст или од некакви други намери, некому од нив двајца да им наштети?!

 

 

 

 

 

To top