Радио Милева повторно вљубена

Фудбалерот падна во заборав: Ќерката на Харис Џиновиќ има ново момче (фото)

Фудбалерот падна во заборав: Ќерката на Харис Џиновиќ има ново момче (фото)

Ќерката на пејачот Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина Џиновиќ, Џина е многу популарна на социјалните мрежи, а сега со своите следбеници сподели дека повторно е во врска.

Џина Џиновиќ често споделува детали од нејзиниот живот на „Инстаграм“, а летово откри дека раскинала со фудбалерот Андреј Ѓуриќ.

По нивното раскинување, Џиновиќ беше во пар со младиот пејач Михајло Веруовиќ Војаж, но тие подоцна истакнаа дека се само пријатели.

Сега Џина не крие дека е повторно вљубена, па на нејзината Инстаграм  приказна објави фотографија со новото момче, на која тој ја фатил за половината и ја страсно бакнува.

Наскоро таа сподели уште една романтична фотографија, а иако тој го криеше лицето, таа го откри неговиот идентитет.

Инаку, Харис Џиновиќ еднаш откри дека не ја следи ќерка си на социјалните мрежи, а истакна и дека не ги поддржува трендовите на младите денес.

Фото:Принтскрин/Инстаграм

To top