Радио Милева

Франц повторно ги „закачи“ екс- колегите од Нокаут: „Ми го украдоа брендот и бендот“

Франц повторно ги „закачи“ екс- колегите од Нокаут: „Ми го украдоа брендот и бендот“

По седумнаесет години соработка, Владимир Крстевски – Франц во 2015 година ја напушти групата „Нокаут“, а причините беа несогласувањата околу многу теми меѓу него и фронтменот Никола Перевски – Пере.

Иако беа блиски, како на колегијална, така и на кумашинска база ги разнишаа односите, а оттогаш Франц замина да живее во Америка, а пак Пере продолжи со групата.

Во емисијата „Во недела попладне“ која пред неколку години се емитуваше на еден македонски ТВ канал, Франц откри дека сега постои и спор околу користењето на името „Нокаут“, па според него ни тој, ни Пере немаат право да го користат, бидејќи по 17 години партнерство ни тој е „Нокаут“, ниту пак Пере.

Нивните интерни несогласувања осамнаа во медиумите и за истите дозна и јавноста, но се остана како што само се зборуваше. Сега, три години откако не е член на „Нокаут“, Франц повторно одлучи да ги „закачи“ поранешните колеги. Тој преку статус на Фејсбук ги обвини за кражба на брендот и бендот.

Три години поминаа од кога ми го украдоа брендот и бендот, барем една добра песна да издадеа, напиша Франц, а статусот предизвика и коментари од неговите проијатели, но и од музичарот Александар Ристовски-Принц кој му порача дека историјата не може да се избрише, но и дека „Нокаут“ наскоро ќе издадат според него добра песна.

„Нокаут не е моменталната хит ствар, историјата не може да се избрише.Секогаш ќе бидеш огромен дел од „Нокаут“, сакал ти или не. Ама новата што ќе излезе рака на срце добра е. Закопајте тоа секирите, му порача Принц, а пак Франц не остана должен да му возврати на коментарот:

Секирата е закопана друже ама вистината не се закопува, секогаш излегува на површина, кога тогаш, дополни Франц.

Дали Никола Перевски-Пере ќе се огласи на ваквата провокација од некогашниот кумашин, останува да видиме…

 

To top