Бременоста е најубавиот период во животот на една жена, а подготовката за мајчинство од седмица во седмица станува се повозбудлива.
Македонската макекенка и модна блогерка Ангела Ѓорѓиева ги живее токму тие денови и е кон крајот на својата прва бременост.
View this post on Instagram
Набрзо откако ја дозна убавата вест, а стомачето нарасна, таа ја започна својата пракса во секојдневно покажување на трудничкото стомаче.
View this post on Instagram
Ангела ужива да го забележи секој ден од бременоста преку фото-облективот, независно дали е дома, низ град, па и специјално во студио каде е подготвена со модна тематика за фотосесија.
View this post on Instagram
Стомачето најчесто е разголено, патентот раскопчан, а тоа дека тудничките хормони и предизвикуваат спокој и среќа е евидентно.
View this post on Instagram
Фотографиите изгледаат како од некое светско модно списание, а освен што ќе има многу фото спомени од секоја гестациска недела, таа на своите бројни следбеници им ја покажува и гардеробата која ја купува за нероденото бебе.
Инаку, Ангела исто така е една од најбараните македонски манекенки, а досега сме ја гледале на многу домашни модни ревии и како лице на познати брендови.
View this post on Instagram
Ангела е модна инспирација за сите трудници, а ние и посакуваме лесна бременост и породување.
фото:Инстаграм/Ангела Ѓорѓиева