Милица Тодоровиќ и Петар Стругар неодамна во емисијата „Амиѓи шоу“ ја обелоденија својата врска, па парот пред ТВ екраните призна дека се заедно околу 3 месеци.
Оттогаш тие редовно на социјалните мрежи објавуваат фотографии на кои заедно позираат и на своите следбеници им покажуваат како го поминуваат времето.
Така тие прво објавија видео на кое заедно пеат и се бакнуваат во автомобил, а сега отидоа еден чекор понатаму.
Имено, Милица на својот „Инстаграм“ објави видео на кое прегрнати заедно лежат во кревет.
„Што правиш? “, го праша Милица својот партнер, а Петар и вели: „Помести и ќе видиш“.
„Што да помесатам?“ повторно вели Милица.
„Телото. Ете, гледаш, како ќе се поместиш јас не се разделувам од тебе“ одговори Петар.
За потсетување, Милица претходната година ја раскина својата шестгодишна врска со кореографот Милош Пауновиќ.