Радио Милева носталгија

Фотографија од Андријана Јаневска, Тоше и Каролина пред 21 година: „Спомени од едно време кога другарството беше најважно

Фотографија од Андријана Јаневска, Тоше и Каролина пред 21 година: „Спомени од едно време кога другарството беше најважно

Пејачката Андријана Јаневска со носталгија се потсети на едни убави времиња. Таа на својот „Фејсбук“ објави фотографија од неа, Toше Проески и Каролина Гочева кога биле помлади.

Фотографијата датира од годината на почеток на новиот милениум, кога тие беа дел од мини турнејата низ Австралија. Истата беше организирана од МРТВ, која заедно со австралискиот провајдер ТАРБС за прв пат го пушти својот сателитски канал МКТВ-Сат, вршејќи директен пренос од концертите на нашите пејачи преку океанот, преку таканаречен видеомост. Со нив беше и покојниот Борис Трајковски кој беше првиот претседател на независна и суверена Македонија кој  официјално ја посетил Австралија и нашинците од дијаспората, а  оттаму имаше и свое обраќање во живо при свеченото отворање на сателиткито ТВ канал на националниот јавен сервис.

-Каролина Гочева, Тоше Проески и јас, 2000 година во Сиднеј, Австралија. Насмеани и распеани одиме да гледаме кошаркарски натпревар на Олимпијадата. Прекрасни спомени од едно време кога другарството беше најважно, кога зборот суета беше туѓ и кога музиката нè обединуваше. Оваа фотографија е од мојата приватна архива и ја објавувам со дозвола на Каролина и семејството на Тоше.

фото: инстаграм/андријана јаневска

Инаку, Андријана беше добра пријателка со Тоше. Таа му беше гостинка на првиот скопски концерт.

Како што раскажа во една прилика, песната која ја пееајаа на концертот не ја пробале, но Тоше бил многу смирен и пејачката покрај него немала трема.

фото: инстаграм/андријана јаневска

„Тоше го запознав во 1997 година кога првпат настапуваше на Макфест. Следна година настапувавме на Скопски фестивал и тогаш започна нашето дружење. Тој живееше во Крушево, јас во Скопје, но често доаѓаше и се дружевме. Во 1999 година имаше концерт во Скопје, па ми се јави и ме покани да настапиме во дует, бев негов единствен гост. Не знаев што ќе пееме, а се договориме на лице место. Песната не ја ни пробавме бидејќи цел ден врнеше и не можевме да направиме проба со бендот. Така да, нашиот настап беше без проба. Но, тој беше толку смирен да е невозможно покрај него  да имате трема. Ја пеевме песната како да сме ја пробале 100 пати. После тоа имаше договори и многу работа во регионот“, изјави Андријана во една прилика за 100posto.hr

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/andrijana-janevska-za-prijatelstvoto-so-toshe-proeski-pokraj-nego-beshe-nevozmozno-da-imash-trema/

Каролина Гочева исто така беше добра пријателка со Тоше.  На почетокот од кариерата обајцата беа ексклузивци на „Авалон продукција“,  а заедно го имаат снимено дуетот „Немир“.

фото: инстагам/каролина гочева

На годишнината од 13 години од смртта на Тоше, Каролина се потсети на пејачот истакнувајќи дека не може да се забораив некој кој направил толку многу.

 

To top