Модниот стилист Александар Билјановски –Дадар, своевремено ја прогласи за најубавата ТВ презентерка на наши простори, а ваквиот ласкав коментар за неа го имаат и многумина од јавноста.
Како за сите нас, така и за Татјана Стојановска времето минува и си ги носи своите убавини, а таа и тоа како знае да ужива во она што и го носи животот.
Татјана квалитетно знае како да ги наполни своите батерии со позитивна енергија и задоволство, со тоа што ужива да патува низ светот и да „пакува“ спомени од многу дестинации.
Деновиве таа на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од патувањето во Куба, па покрај тамошните егзотични убавини, не заобиколи на своите следбеници и пријатели да им покаже неколку кадри од себе додека позира во костим за капење пред морската шир.
Веруваме се сложувате дека за Татјана годините се само број, а како зрее станува дама за пример на своето време.
фото:instagram/tatjana stojanovska