Патувања, ресторани, нова гардероба, позирање… се само дел од најчестите секојдневни активности на некогашната ТВ водителка Мелита Ракиќевиќ која за споредба од порано целосно се промени.
Откако раскина со момчето, повеќе и одговараат женските дружби, но најмногу оние со моделот Александра Накова.
Неодамна заедно беа на грчките плажи, но сега Мелита некако повеќе ужива во сопственото друштво.
Деновиве својот Инстаграм профил го дополни со нови моменти на кои ужива во храната во еден скопски ресторан, но сама.
Потоа следеше и фотосесија на булевар во скопската населба Аеродром, каде потпрена на својот луксузен автомобил позираше среде улица.
Нема сомнеж дека оние што минуваа не го свртија погледот барем за миг, среќа сообраќајниот билтен немаше информации за незгода во овој дел на градот. А Мели… таа секако си го направи своето, она што го сака и и прави ќеф.