Откако неодамна ја заврши љубовната врска во сега екс-момчето Виктор, поранешната водителка Мелита Ракиќевиќ повторно си го тера животот по старо.
Имено, таа никако не се остава без љубов, а овој пат тие чувства и се доволни што ги има самата кон себе.
Иако периодов често ги полнеше забавните рубрики во домашните медиуми, Мели нема задршка кога сака нешто да покаже кога е така горделива со себе и својата појава.

Денес, утрото на своите следбеници на Инстаграм им го посака со доста жешко селфи во огледало, потенцирајќи дека е во љубов со себе.
Иако постелата од спалната соба и е празна, таа е и повеќе од задоволна кога наутро ќе се разбуди полна со себе и самодоверба.
-Си го сакам своето тело, напиша во описот на провокативната фотографија на која позира по долна облека.
-„Не е реално“, „Соврешена“, „Мачка“, се редеа коментарите на следбениците кои инстантно се расонија од глетката.