Пејачот и актер, Влатко Илиевски е решен да ја најде жената на својот живот, а во потрагата реши да си помогне преку социјалните мрежи.
Имено, како пример за тоа како треба да изгледа онаа што ќе го освои неговото срце, се манекенката Жизел Бундшен и актерката и модел Мила Јовович.
-Е… комбинација од овие две се бара/м? Има ли некоја? Да знаете? Жизел и Мила, напиша Влатче во описот на фотографиите од двете светски познати убавици.
Интересно беше тоа што неговите пријатели веднаш ги пронајдоа сличностите меѓу Мила и Влатко, односно дека тој или таа физички ептен потсетуваат еден на друг.
Потрагата е започната, а колку ќе успее во тоа, останува времето да покаже дали Влатко ќе се скраси со дамата која ја посакува.