Нашата позната пејачка, Викториа Лоба на својот инстаграм – профил објави прекрасни фотографии од летниот одмор.
Овие тропски денови Викториа ги поминува разладувајќи се во Егејското море во друштво на нејзиниот партнер и нејзиното преслатко куче од расата померанец по име Мила.
Мила и Лоба уживаа под сончевите зраци, звукот на брановите и прекрасната храна во прекрасните таверни заедно со Ѓорѓи.
Под летниот албум кој пејачката го сподели на социјалните мрежи со своите фанови, Лоба само накратко напиша:
– (a)mare, стои во описот на фотографиите.