фото: @stefan.rajhl
Секое внимание, подарок или само еден убав збор ја прави секоја жена да се почувствува посебно, не само за празникот на жената, туку и во сите други останати денови од годината.
А пак кога нејзиното височество – Жената, ќе доживее нешто такво и на тој посебен ден, тогаш таквиот гест и внимание никогаш не се забораваат.
Дека тоа е навистна така, докажа нашата поп-пејачка Каролина Гочева, која на 8-ми март се сети на уникатната честита која ја доби од своите обожаватели.
Тоа беше специјална честитка испратена преку весник на страниците каде што стојат огласи.
Токму на оваа уникатна и незаборавна честитка, Каролина ја објави на својот Инстаграм како потсетување од 2012 година.
Инаку, денес 09. март Каролина од својот „Извор“ ќе ја напои и охридската публика со концертот кој продолжува по седумте кои ги одржа во Скопје.
фото: @stefan.rajhl