Пејачката Александра Пријовиќ, која до пред две години важеше за пејачката која ја пее онаа песна „За нас касно је“, бидејќи многумина не и го знаеја името, стана популарна скоро преку ноќ, бидејќи секоја наредна песна и стана хит.
Сега веќе го изгради своето име, доста е барана, а со тоа и рипна и заработувачката. Сега може да си дозволи да троши доста на брендирана облека, но и да се советува со познатата стилистка Ана Антиќ.
Овој пат, Пријовиќ се почести со парчиња од Диор, односно фустан од 1500 евра, како и високи потпетици кои чинат 800 евра.
Со влегувањето во семејството Живојиновиќ, Пријовиќ очигледно ќе го менува и стилот.