И двете се познати како големи љубителки на модата и често завршуваат на листите на најдобро облечени дами во светот.
Поради тоа и можело да се очекува дека првата средба на првата дама на Америка, Меланиа Трамп, и шпанската кралица Летиција ќе биде модна посластица.
Шпанскиот кралски пар вчера пристигнал во посета на Белата куќа каде се запознале со претседателот Доналд Трамп и неговото семејство.
За таа пригода кралицата Летиција облекла тесен темно розев фустан со миди должина со потпис на дизајнерот Михаел Крос на кој ставила сребрено каивче и аутфитот го дополнила со клич ташна и салонки во малку појака розе нијанса. Интересно е дека Меланија истиот фустан, само во сина боја, го носела уште минатата година за запознавање со претседателот на Панама.
За среќа овојпат не го облекла туку шпанската кралица ја дочекала во маслинесто зелен фустан на Валентино со принт од бели цветови и каиш во струкот и Маноло Блахник салонки, а заедно изгледале многу шик и веруваме дека, ако за ништо друго, тогаш сигурно можеле да разговараат за модата.